Српски вирусолог: „Да бев коронавирус ќе речев ‘супер, ова е феноменално’“!

620
Фото: Printscreen Youtube TVN1

Српскиот вирусолог Миланко Шеклер по ублажувањето на мерките изјави дека тие ќе овозможат коронавирусот да остане во популацијата и да ја дочека есента.

„Да бев коронавирус, би рекол феноменално, фала му на Бога, што е вака“, истакна вирусологот за РТС.

Зборувајќи за вакцинацијата во Србија, тој рече дека „речиси стои“, и дека структурата на вакцинираните е многу лоша.

„Добро е што постарите лица се вакцинирани, но тие се помалку активни, не одат на забави“, истакна Шеклер и додаде дека младите се активни и дека тука фалат вакцинации.

Тој го наведе примерот на Чиле, каде имаше скоро 47 проценти вакцинирани кога ги укинаа скоро сите мерки, и сега повторно има затворање.

“Мислам дека вирусот е воодушевен од овие мерки. Ако зборував во негово име, ќе речам – одлично”, рече вирусологот.