По поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на АТП Купот во Сиднеј, шпанскиот тенисер Рафаел Надал испрати остри критики кон српските навивачи, но подоцна беше откриено дека во таа критика отишол чекор понапред.

Натпреварот го одбележа една ситуација во седмиот гем од првиот сет. Надал загуби еден сервис, па се пожали кај главниот судија на преголема врева од публиката. Поради ова, тој доби гласни свирежи од публиката, пред сè од Србите кои беа далеку побројни на трибините, а Шпанецот одговори со саркастично кревање на палецот.

  • Публиката беше фантастична, но понекогаш луѓето во некои земји не разбираат како функционира тенисот, тие мислат дека е фудбал. Почитта мора да биде таму, и не беше од мал дел од публиката, се пожали Надал по натпреварот.

Неговата изјава привлече големо внимание, не само меѓу Србите на кои се однесуваше, туку и во целиот свет.

Но, Надал не застана тука, а она што овие денови е во центарот на вниманието е изјава од вториот дел од прес-конференцијата кога зборуваше на шпански јазик.

На големите турнири, играчите прво се обраќаат до новинарите на англиски јазик за да ги направат своите изјави да бидат разбрани од репортерите од сите земји. Потоа, странските новинари си заминуваат, оставајќи ги само сонародниците што пренесуваат, па во тие моменти следувал вистинскиот кош.

  • Веќе имам искуство со овие навивачи. Тие се навивачи, но не се Австралијци. Тие доаѓаат на трибините со повеќе супстанции во телото отколку што треба. Тие не го разбираат овој спорт, додаде Шпанецот, а оваа изјава многумина ја нарекоа – „УЖАС“.