Српските гастербајтери годинава испратиле повеќе пари отколку лани

48

Под влијание на корона-кризата, во Србија пристигнаа помалку пари од дијаспората во текот на 2020 година и почетокот на 2021 година, отколку во годините пред пандемијата. Според најновите достапни податоци за билансот на плаќања на Народната банка на Србија, вкупниот прилив врз основа на дознаките од странство (лични трансфери) во периодот јануари – мај 2021 година изнесува 1.332,1 милиони евра, што е зголемување за 26,8 проценти во споредба со истиот период во 2020 година.

„Во споредба со првите пет месеци од пред пандемијата – 2019 година, приливот на дознаки во истиот период во 2021 година е помал за 3,4 проценти, така што можеме да очекуваме дека наскоро ќе се врати на нивото од пред кризата. Ова е во согласност со економското закрепнување во земјите каде што работат најголем број луѓе од нашата земја“, наведоа од Народна банка на Србија за локални медиуми.

Во текот на 2020 година, повеќе од 70 проценти од приливот на дознаки дојде преку официјални канали, и овој тренд продолжи во текот на првите пет месеци од 2021 година, кога околу 76 проценти од дознаките дојдоа во Србија на тој начин. Намалувањето на приливот на дознаки е забележан од речиси сите земји, а најголемиот пад традиционално е од најголемите испраќачи – Германија, Швајцарија, Италија, Франција и Австрија.

Народната банка на Србија ја користи методологијата на билансот на плаќања на Меѓународниот монетарен фонд (БПМ6), според која дознаките од странство се покриваат преку ставка наречена лични трансфери и која вклучува: дознаки, пензии и други социјални придобивки, како и бенефиции и подароци од странство, испратени до поединци жители на Србија.

Најпопуларните опции за испраќање пари се банкарски плаќања преку меѓународни платежни трансакции, испраќање пари преку Western Union и опција за плаќање преку електронски паричник (е-wallet).