Српскиот БЕБАЦ до надлежните: „Итно усогласете ги ставовите за вакцинација, ни починуваат бремени жени“

219

Српскиот портал Бебац, специјализиран за совети за бремени жени, мајки со бебиња и двојки кои сакаат да основаат семејство, ги повика надлежните органи итно да ги усогласат своите ставови за вакцинацијата против коронавирусот, бидејќи „бремените жени умираат“.

„Бремените жени се вознемирени, исплашени, под голем притисок и стрес, бидејќи одлуката за вакцинација им се пренесува на нив самите, без јасни упатства и единство на професијата“, се вели во соопштението на порталот.

Соопштението е испратено до надлежниот Кризен штаб, Министерството за здравство и Стручното здружение на гинеколози и акушери од Србија, во врска со се почестите трагични исходи и смртни случаи на бремени жени и мајки поради последици од коронавирусот, но и совети од страна на „неодговорни“ лекари да не се вакцинираат.

„Итно да се застане на патот на спротивставените мислења, да се усогласат ставовите на професијата и да се презентираат јасни и конкретни информации и препораки до бремените жени со цел да се избегне понатамошна смрт на бремени жени и да се заштити нивното здравје и здравјето на нивните бебиња“, се вели во соопштението на порталот Бебац.