Српската фабрика за вакцини започнува со работа во март

110

Производството на вакцини во новата фабрика во Србија ќе има две фази, изјави денеска директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување, Сања Радојевиќ Шкодриќ.

Според неа, првата фаза, која претставува полнење и пакување на увезените супстанци, ќе започне во март и април, а во таа фабрика месечно ќе се добиваат околу три милиони дози вакцина Синофарм.

Таа вели дека првата фаза во новата фабрика се планира да започне во првиот квартал наредната година, во март или април, а втората фаза, односно целиот процес и производство на активната супстанција ќе се врши во новата фабрика на крајот на следната година.

Српската фабрика ќе произведува околу три милиони дози месечно, вели таа, додавајќи дека ова е за почеток, а доколку е потребно е можно проширување на капацитетот.

„Прво ќе произведуваме за Србија, а потоа за извоз во регионот и другите земји во светот на кои им е потребно“, заклучи директорката на РЗОМ.