Српската премиерка Ана ќе стане мајка: девојка и Милица е бремена!

152

Чуда се случуваат, па такво едно вистинско чудо, секако пријатно, за српската премиерка, 43-годишната Ана Брнабиќ, и нејзината неколку години помлада девојка, докторката Милица Ѓурѓиќ, треба наскоро да се случи. Тие двете ќе станат родители! Докторката Милица е веќе неколку месеци бремена. Веста ја објави српскиот магазин “Глориа”, а пренесува “Блиц”. Како што им е кажано на новинарите на “Глориа” докторката Ѓурѓиќ (вработена е во Клиничкиот центар на Србија во Центарот за радиологија и магнетна резонанца) си замина на трудничко.

Таа забременила со вонтелесно оплодување! Иако новинарите од Србија се обидувале да стапат во контакт со премиерката Ана, таа сепак културно им порачала дека не сака да коментира за својата приватност. Од кабинетот на премерката им се заблагодариле на новинарите и на убавите желби, по повод тоа што таа наскоро ќе стане мајка! Од другата страна на веста, традиционалната српска јавност која остро ги осудува овие бракови и најмногу посвојување и раѓање деца кои ќе живеат и растат во хомосексуална заедница, згрозени се од веста за нивната премиерка дека за некој месец на ваков начин ќе биде мајка!
Фото: Блиц, Еспресо, Интернет