Српската метропола падна на колената пред Македонката Калиопи

330

-Се гордеам што те имам за пријателка. Вечерва блескаше. Секој пат одново ме воодушевуваш. Многу те сакам драга Калиопи, вака и напишал популарниот српски пејач Жељко Самарџиќ на нашата пејачка Калиопи, откако таа успешно заврши завчера со својот солистички концерт во Белград. Концертот се одржа во преполниот “Сава-центар“ пред презадоволната публика која едноставно уживаше во хитовите на Калиопи и најмногу се разбира во нејзиниот најголем хит “Бато“.

Инаку, Калиопи е на својата српска турнеја во чии рамки пееше во голем број градови и во секој град сите сали беа исполнети до последното место. Очигледно дека Македонката Калиопи има свои долгогодишни фанови во соседна Србија. За нејзините српски концерти се бара билет повеќе, но што е со концертите во Македонија? Ги нема повеќе од пет години. Кој тоа овде кај нас не ја сака или ја бојкотира поп-дивата? Освен што ја видовме на некои партиски предизборни кампањи, на нејзин солистички концерт во главниот македонски град, сега-засега можеме само да сонуваме.  Д.М.