Среќен роденден, Боб!
На денешен ден во 1941 е роден американскиот пејач и композитор Роберт Цимерман, познат како Боб Дилан, еден од најпопуларните музичари во 20. век. На концертите ширум светот демонстрираше музичка универзалност, свирејќи на усна хармоника, гитара и клавир. Во 2016 година стана и носител на Нобеловата награда за литература со образложението: „за создавање нови поетски изразувања во големата американска традиција на песни”.