Среќен крај на ужасот во Подгорица: Спасено бебето со кое бабата скокна во водите на реката Морача/ВИДЕО

915
Скриншот Фејсбук

Двомесечно машко бебе вчера било извлечено од Морача во Подгорица откако неговата баба К.К (62) со него во раце скокнала во реката.

Бебето било спасено, а телото на бабата било извлечено од водата кратко време откако неофицијално, тврдат од полицијата, таа решила да оди во смрт со него.

На социјалните мрежи се појави видео од извлекувањето на детето од студената река.

Работниците на градското претпријатие Зеленило Алдин Ибрахимовиќ и Алмир Мујак го извлекле и спасиле бебето од Морача во Подгорица. Во спасувањето учествувал и Демај Спејтим.

Работниците во локално градско претпријатие вршеле редовни работни задачи кај мостот кога виделе дека бебе паднало во студената река. Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.

Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент, Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот, пренесува Блиц.

Брзата помош брзо реагирала и го пренела бебето во болница.

Да потсетиме, шеесет и двегодишната К.К. починала вчера околу 11.20 часот откако со двомесечното внуче во раце скокнала во реката Морача. Пред тоа жената испратила вознемирувачка порака до родителите на бебето, кои во паника веднаш истрчале од куќата и го барале своето дете кое во тој момент од реката го спасувале четворица херои.