Средновековна Македонија трн во око на бугарските историчари – какви отстапки ќе се направат?

113

На дневен ред, на новата средба на македонските и бугарските историчари, се забелешките за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако претходно беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шесто одделение. Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, меѓу Македонија и Бугарија, почна денеска а продолжува утре, по што ќе се знае кои остапки ги направиле двете страни.

Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарската комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

Состанокот доаѓа по средбата во Софија на шефови на влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој присустуваа и премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Бугарскиот премиер и вчера, од Благоевград истакна дека Историската комисија е единствена која може да им даде на двете Влади извештај за тоа за кои личности од историјата е постигнат договор или кои од историските факти може да се заеднички.

-Јас очекувам во брзо време да излезе комисијата и да каже. Колку што сум информиран напредокот е огромен, но не ги знам последните информации за тоа за што се согласиле. Се радувам оти од двете страни има дух за заедничка работа и така се постигаат успеси“, рече премиерот на Бугарија, Кирил Петков, при денешната средба. Претходно, Петков во Софија се сретна и со Оливер Вархеји за кој рече дека е разговарано околку тоа Европската Унија да биде гаранција дека Македонија сега или за време на првото поглавје ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Претседателот на Бугарија Румен Радев по средбата со Вархеји рече дека Бугарија очекува многу ветувања од Македонија да се претворат во резултати.

Ковачевски, пак, по средбата, рече дека историчарите работат независно од политичкиот дијалог и од другите работни групи што работат на други прашања.

-На нашиот состанок тука во Софија, токму во оваа просторија, тие беа тука и кажаа дека ќе ја забрзаат својата работа и штом дојдат до заклучоци врз основа на нивната историска методологија, тогаш можат да ја споделат со другите“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека се интензивира комуникацијата со Софија, како од институционална перспектива, така и од перспектива на граѓаните.

Претходниот состанок на Комисијата се одржа во Софија и тој беше првиот оваа година, но и првиот по заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија, на 25 јануари во Софија, со која и почна имплементирањето на новиот пристап, кои го зацртаа Ковачевски и Петков во обидите да се реши спорот меѓу двете земји. Се формираа четири работни групи: за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, кои имаат интензивни состаноци, а петтата група, всушнот е историската Комисија, која продолжи со својата работа и се обидува да го следи забрзаното темпо на останатите работни групи.

Во соопштрението по последниот состанок во Софија беше наведено дека тој поминал во конструктивна атмосфера.

Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности: Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.