Најмалку 12 двојки  на возраст од 35 до 55 години присуствуваа на забавата, со душеци раширени на подот во друг дел од зградата.

Полицајци кои дошле да истражат што се случува на имотот во близина на Буенос Аирес биле изненадени затоа што учесниците на свингерската забава, која таму се одржувала, мислеле дека полицајците се стрипери и се дел од забавната програма.

Според наводите на аргентинските медиуми, покрената била истрага поради собирање, кое очигледно било одржано спротивно од правилата за карантин. Пристигнувајќи околу 22 часот по локално време, полициските службеници ја опишаа  глетката како  „бизарна“ сцена со „музика, светла и храна“. Најмалку 12 двојки  на возраст од 35 до 55 години присуствуваа на забавата, со душеци раширени на подот во друг дел од зградата.

Увидувајќи ја својата грешка, учесниците почнале да се однесуваат со почит кон полицајците, не се спротивставувале, па дури и се шегувале поради тоа што се случило.

„Беше истовремено и комично и апсурдно“, изјавил потсекретарот за безбедност Густаво Јара.

Полицијата го затворила објектот, а лицето кое ги алармирало полицајците тврди дека не е првпат да се одржува таму настан од тој тип.