Средба на министерот Нуредини со Соња Геберт од УНЕП за проектите за Шар Планина

92

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари средба со претставникот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Соња Геберт.

На состанокот се разговарало за статусот на тековните проекти кои нашето Министерството ги спроведува со поддршка на Програмата на Обединетите Нации за животна средина, а поддржани од Глобалниот Фонд за животна средина, како и за планираните идни проекти.

– Посебен акцент беше ставен на активностите кои се спроведуваат во рамки на ГЕФ 5 проектот „Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку воспоставување и ефикасно управување со заштитените подрачја и насочување на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“. Во рамките на овој проект, една од главните цели е проширување на заштитените подрачја во земјата, каде во завршна фаза се подготовката на Студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина и Социо – економската студија, а ќе следи и изработка на правната рамка за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и План за управување со идното заштитеното подрачје – информираат од МЖСПП.

Исто така, се разговарало и околу поддршката во борбата против опустинувањето и планираните идни активности кон постигнување на неутралност на деградација на земјиштето и придонесот кон исполнување на целите за одржлив развој.