Средба за нова шанса за одблокирање на Собранието

44
Денеска во 11 часот се очекува средба меѓу премиерот Зоран Заев, со претседателите на опозициските албански политички партии Зијадин Села и Африм Гаши во врска со прашањето за државјанство и одблокирање на работата на македонскиот парламент. Последните информации говорат дека на средбата нема да се разгледува барањето државјанство да се добие со сведоци, туку со документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Република Македонија.