Средба Заев-Џонсон: Северна Македонија е земја каде се почитуваат вредностите на НАТО

57

Обединетото Кралство целосно ја поддржува Република Северна Македонија, а земјата со спроведувањето на реформите во согласност со вредностите на НАТО и ЕУ, целосно го заслужува своето место во евро-атлантските демократски сојузи, било истакнато на средбата меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот британски колега, Борис Џонсон, што се одржа во Лондон за време на Состанокот на лидерите на НАТО.

-Премиерот Заев на средбата нагласи дека Северна Македонија нема алтернатива за овие процеси и дека во изминатите две години беше фокусирана на исполнување на сите неопходни услови за да покаже дека е подготвена за полноправно членство во НАТО и ЕУ. На средбата двајцата премиери ја истакнаа определбата за долгорочно зајакнување на односите меѓу двете земји како потврда за меѓусебното блиско пријателство и взаемна поддршка, сега и во рамки на сојузништвото во Алијансата, се вели во владиното соопштение.

Премиерите Заев и Џонсон ја издвоиле заедничката посветеност за продлабочување на економските и трговските односи меѓу двете земји, како и на поддршката за развој и унапредување на регионалната соработка.