Србија погодена од силно невреме

360

Во текот на попладневните часови силно невреме проследено со град ја погоди околината на Чачак во Србија. Причинета е материјална штета на земјоделски имоти, информираат српските медиуми.
„Најавуваа невреме, но навистина не очекувавме град, се затемни и веднаш почна да врне, но за среќа беше мало, па не направи никаква штета, сигурно врнеше десетина минути“ – изјави еден од локалните жители.
Невремето кое ја зафати околината на Чачак не го заобиколи ниту центарот на градот. Силниот дожд го забави сообраќајот на главните улици во градот.