Србија итно ја повлече вакцината „БСЖ“ произведена во „Торлак“, ВО МАКЕДОНИЈА ГИ НЕМА ОВИЕ ВАКЦИНИ!

Вакцината против туберкулоза (Бе-се-же ), која се дава на бебињата, веднаш по раѓањето, а која ја произведе Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, итно е повлечена од употреба поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, кој „можеби е нецелосен“. Од Агенцијата за лекови –МАЛМЕД за весникот ВЕЧЕР информираат дека  нема место за паника, бидејќи веќе десетина години  не се снабдуваме со вакцини Бе-се-же од „Торлак“.

1804

Вакцината против туберкулоза (Бе-се-же ), која се дава на бебињата веднаш по раѓањето, а која ја произведе Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, итно е повлечена од употреба поради сомневање за нејзиниот квалитет и очекуваниот имунолошки одговор, кој „можеби е нецелосен“. Во Македонија од оваа вакцина нема во здравствените институции каде што се врши имунизација на бебињата. Од Агенцијата за лекови –МАЛМЕД за весникот ВЕЧЕР информираат дека  нема место за паника, бидејќи веќе десетина години  не се снабдуваме со вакцини Бе-се-же од Торлак.

-Во Македонија вакцината за заштита од туберколоза се набавува од производител на една европска држава. Повеќе од десетина години не ги користиме вакцините на „Торлак“ – потврдија од МАЛМЕД  за весникот ВЕЧЕР.

За оваа информираат српските медиуми, кои што посочуваат дека на 15 март годинава, координаторот за отповикување побара итно повлекување на вакцината Бе-се-же поради „сомнежи во квалитетот на производот, односно потенцијалното отстапување на бројот на живи, атенуирани бактерии Bacillus Calmette-Guerin во однос на декларираниот број.

-Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ како национален, одговорен производител и носител на лиценца за лекот „Бе-се-же вакцина, лиофилизирана“ поради минимално отстапување од строгите барања на спецификацијата на лекот, донесе одлука за доброволно повлекување на серијата од споменатиот лек, со број 2710822 од територијата на цела Република Србија, соопшти вчера  Министерството за здравство на Србија.

Тие велат дека веднаш штом се појави и најмало сомневање за отстапување од спецификацијата на предметната вакцина, Институтот „Торлак“ веднаш реагирал и како превентивна мерка и ја повлекол серијата од оптек. Согласно доставените информации од здравствените установи на територијата на Република Србија, Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ на 16. 3. 2023 година ги повлече пронајдените количество од вкупно 834 ампули од предметната вакцина.

– За да се одржи континуитетот на задолжителната имунизација на пациентите и да се елиминира можноста за недостиг на предметниот лек, Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ истовремено ги снабди сите здравствени установи од планот на мрежата на здравствени установи со соодветна количина БЦГ вакцини – се наведува во соопштението на МЗ на Србија.

Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ веднаш по добиената информација за потенцијалното минимално отстапување од барањата за спецификација на предметната вакцина, ги извести сите здравствени установи и за повлекување на нејзиниот производ и за продолжување на континуирано снабдување со нови количини на соодветна вакцина до здравствените установи.

-Продолжуваме со задолжителната имунизација на населението во Србија со оваа вакцина – велат од Торлак.