Србија: Дете oтруено со асепсол, воспитувачката мислела дека e вода

124

Двегодишното девојче заврши на интензивна откако испило средство за дезинфекција во градинка. Инцидентот се случил во детската градинка „Наша радост“ во Рача Крагујевачка, Србија. Според „Блиц“, мислејќи дека има вода во шишето на масата, воспитувачката му го дала на детето шишето да пие.

Тоа се напило малку, по што почнало да повраќа, по што била повикана нејзината мајка. Таа ја одвела во локалниот Дом за здравје, од каде што веднаш ги препратиле во болницата во Крагуевац.

Откако девојчето почнало да повраќа, на воспитувачката ú станало јасно дека нешто не е во ред  и веднаш ја контактирала мајката.

Во моментот девојчето се наоѓа на интензивна нега, но за среќа е вон животозагрозувачка состојба, благодарение на брзата реакција на докторите.

„Асперол“ може да биде фатален доколку се испие поголемо количество.