Србија ги поскапува патарините

118

Патарините во Србија поскапуваат за 14 отсто, односно осум отсто за возачите кои користат електронски уред за плаќање.

Српската Влада донесе одлука за измена на Одлуката за висината на посебната такса за користење на јавен пат, негов дел и патен објект, со која се утврдува висината на посебната такса, односно патарина.

Со овие измени, како што се наведува во соопштението, се зголемува патарината за 14 отсто за оние кои не плаќаат такса за користење на автопатот преку електронскиот уред за наплата на ЕНП. Возачите кои користат електронски уред за плаќање ќе имаат попуст од шест отсто, па за нив патарината ќе се зголеми за осум отсто.