Србите ја окупираа Паралија: Заиграа и српско „ситно“ среде море/ВИДЕО

325

Грчкото летувалишта Паралија, одамна е рај за српските туристи, а на социјалните мрежи осамна видео од десетици српски државјани како играат оро во водите на Егејското море. Видеото трае десетина минути, а се гледа дека на српските туристи не им „пречи публиката“. На видеото се гледаат и двајца мажи кои стојат на средина, едниот држи раширено српско знаме, а другиот грчко, додека знамињата се врзани едно за друго во средината и се веат во ритамот на музиката.

Социјалните мрежи зовреа од коментари, што позитивни, но ги има и многу и негативни.

„Браво, играчи само весело“, „Секоја чест, треба да играме влашко оро во вода, а многумина ни на земја не знаат“, „Секој може да каже што сака. Секоја чест“, се само дел од пофалните коментарите, додека со од друга страна, имаше и такви на кои оваа сцена не им беше ниту пријатна, ниту за пофалба.

„Мислам дека Грците се крстат“, „А што ви е убаво овде? И што гледа светот?“.