Екипата на Работнички продолжува дасе засилува за наредната натпреварувачка сезона, а како најновото засилување беше претставен Милош Мацура.

Станува збор за искусен српски интернационалец кој поседува и хрватски пасош, играч кој во последната сезона играл во УСК од Прага и Раднички Крагуевац. Игра на позицијата центар и треба да биде уште една значајна опција во тимот предводен од Тони Симиќ.

Во сегашната кариера има настапувано во Србија, Русија, Белгија, Шпанија, Романија, Франција, Чешка… што значи е кошаркар со огромно искуство. Претходно Работнички кога се во прашање странците ги доведе Луизер, Босанецот Мустафица и Американецот Џексон Емерсон Пол.