СП2022: Хрватска обезбеди пласман меѓу осумте најдобри

32

Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар совладувајќи ја вечерва на стадионот „Ал Џануб“ во Ал Вакра, Јапонија, на пенали со 3-1, откако по регуларниот дел и двете продолженија резултатот беше израмнет 1-1.

Јапонија, која претходно на Мундијалот со два пресврти триумфираше над Германија и Шпанија, поведе во осминафиналната пресметка против Хрватска во 43 минута преку Даизен Маеда.

Хрватска, која е  актуелен светски вицепрвак, израмни во 55 минута преку Иван Перишиќ и со поуспешно изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето.

Во второто осминафинале од денешната програмата ќе играат Бразил и Јужна Кореја.