СП 2022: Аргентина ја победи Австралија и ќе се соочи со Холандија во четвртфиналето

66
EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Аргентина ја победи Австралија вечерва осминафиналниот натпревар на Светското првенство во Катар. Средбата на стадионот „Ахмед бин Али“ заврши со резултат 2:1.

Головите за Аргентина ги постигнаа Лионел Меси (35. минута) и Хулијан Алварез (57. минута). Стрелец на единствениот гол за Австралија на овој натпревар беше играчот од средниот ред Крег Гудвин во 77. минута. Топката влета во голот откако се одби од Аргентинецот Енцо Фернандез.

Меси го одигра и 1000-от меч во кариерата.

Во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, репрезентацијата на Аргентина ќе се сретне со Холандија, која претходно во текот на денот ги победи САД (3:1).

Натпреварот ќе се одигра на 9 декември во 20 часот.