Шпанија и Хрватска се првите полуфиналисти на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Гвангжу. Иако за многумина е големо изненадување, европскиот шампион Србија прерано е надвор од турнирот и нема да се бори за медалите. Избраниците на Дејан Савиќ загубија од Шпанија со 12-9 и по подолго време на едно големо натпреварување нема да играат најмалку во полуфиналето. Ова е прво мундијалско полуфинале на „фуријата“ по цели десет години.

Голманот Пинедо беше феноменален, а Тахуљ и Мунариз блескаа во доминацијата во текот на сите четири четвртини.

Светскиот првак Хрватска се пласира во полуфиналето со победата над Германија со 10-8. Во долниот дел од костурот полуфинале ќе бркаат Грција – Италија и Унгарија – Австралија.