Спроведениот обвинет избега по излегувањето од Судот, надлежноста е на затворската полиција

32

Основниот Кривичен суд Скопје во однос на одредени медиумски натписи дека „Осомничено лице избегало од Кривичниот суд“, ја информира јавноста дека станува збор за настан што се случил надвор од Судот, а не во неговите простории, за што е задолжена затворската полиција.

– Имено, се работи за обвинет кој бил спороведен во Судот на рочиште по
предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти.  При влез во
судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна
на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и
протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, појаснуваат од Кривичен суд.

Воедно, во соопштението посочуваат дека за сите информации поврзани со денешниот настан медиумите може да се обратат до надлежната Казнено поправна установа и МВР.