Спречен терористички напад на ИСИС во Русија/ВИДЕО

200

Терористички напад врз објекти за транспортна инфраструктура со рачно изработена експлозивна направа е спречен во Ставрополската област на Русија (Кавказ), соопшти Федералната служба за безбедност на Русија.

– Спречен е обидот на поддржувачите на меѓународната терористичка организација ИСИС да извршат терористички напад врз објектите на сообраќајната инфраструктура на Ставрополската област со употреба на импровизирана експлозивна направа, се наведува во соопштението.

„ФСБ спречи напад на поддржувачи на Исламската држава, организација забранета во Русија, врз транспортни објекти со експлозив“, се додава во соопштението.

При претресот на местото на живеење на терористите бил откриен материјал за за правење направи.