Спречен терористички напад врз фудбалерите на Барса и Реал (М)

107

Сите фудбалски медиуми ја пласираа и информацијата дека шпанската полиција уапсила едно лице под сомнение дека планирало терористички напад за време на дуелот помеѓу вечните ривали во Примера дивизион, Барселона и Реал (М).

Станува збор за 33-годишен маж роден во Мароко, кој за време на испитувањето признало дека планирало напад, и тоа со помош на дрон со експлозив, но во последен момент се премислил. Тој бил уапсен на 8 мај, но при апсењето се најдени докази поврзани со овој план поврзан со „Ел Класико“.

Полицијата потврди дека е уапсено едно лице, но не го откри неговиот идентитет.