Американскиот боксер Рајан Гарсија го победи Лук Кембел со технички нокаут и го освои привремениот појас во ВБА-верзијата во лесна категорија.

Одличниот 22-годишен борец успеа да стане од првиот нокдаун, а потоа во седмата рунда со неколку брутални удари во телото го испрати противникот на подот и со тоа го освои појасот.

Но, пред борбата се случи неверојатно нешто, а главната улога ја имаше новинарката Кејт Абдо. Таа беше домаќин на Хенри Гарсија, таткото на браќата Гарсија, кои остварија две победи таа вечер. Никој не очекуваше од неа да му каже на Хенри дека има „добра сперма“.

  • Шон веќе се бореше, Рајан е момчето кое привлекува најмногу внимание. Вие сте направиле убави, атлетски моќни момци. Господине, вие имате навистина добра сперма, шокирала Кејт.

На Хенри му било непријатно, но решил да и се заблагодари, а социјалните мрежи буквално експлодираа поради изјавата на оваа новинарка.