Пред неколку дена организаторите на Олимписките игри во Токио, соопштија дека е донесена одлука најголемиот спортски настан во светот да се одржи пред празни трибини, бидејќи во јапонската престолнина на сила е вондредна состојба заради зголемен број на заразени со коронавирусот.

Покрај оваа одлука организаторите донесоа уште една која во целост ја изнедани спортската јавност. Организаторите објавија дека доделувањето на медалите нема да се прави на вообичаениот начин. Заради правилата окоолу коронавирусот одлучено е освојувачите самио да си ги ставаат медалите околу вратот.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет  (МОК) потврди дека е донесена одлука околу доделувањето на медалите и дека осовјувачите ќе мора строго да ја почитуваат.

-Медалите на освојувачите нема да им бидат ставени околу вратот. Одличјето ќе им биде донесно на тацна, а потоа спортистите сами ќе ги земат и ќе си ги закачт околу вратот. Личноста која што ќе ги става медалите на тацна ќе носи дезинфицирани ракавици. Оние што ќе ги носат медалите и спортистите ќе мора да носат и маска. Нема да има поздравување, ниту гушкање за време на доделувањето, изјави Бах.

Интересно е што во Токио состојбата на ошта опасност од заразата со коронавирусот трае до 8. август кога Игрите ќе завршат.