Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, тврди дека санкциите кои се поставени на руските спортисти се за нивно добро и во исто време ги предупреди спористите да не даваат поддршка на сопствената држава во војната во Украина.

  • Нашите активности имаат две цели – санкции од една страна, и заштитни мерки од друга. Моравме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувња и да препорачаме руските и белоруските спортисти и официјални лица да не учествуваат на нив, или барем да учествуваат како неутрални без својата националност. Ова се заштитни мерки, а не санкции. Безбедноста на руските и белоруските спортисти не можеше да се гарантира поради длабоките анти-руски и анти-белоруски чувства во многу земји, објаснува Германецот.