Според „Холивуд лајф“: Лејди Гага и Бредли Купер заедно во нов филм?!

205

Лејди Гага и Бредли Купер преговараат за нова соработка на големото платно и, ако коцките се сложат, тие повторно ќе глумат двојка, но овојпат во сосема друг жанр.

Имено, според „Холивуд лајф“, по „Ѕвездата е родена” – љубовната драма што ги спои, сега наводно, следуваат улоги во научнофантастичен филм.

Третиот дел од Марвеловиот кино-хит „Чувари на галаксијата” е предвиден за 2021 година, а Лејди Гага можеби ќе биде нова суперхероина. Наводно, таа преговара за ликот на Лула, во којашто пак, ликот на Бредли – Рокет Ракун ќе се вљуби.

По филмот „Ѕвездата е родена”, драмата продолжи и во вистинскиот живот… Прво Лејди Гага во февруари ја прекина свршувачката со Кристијан Карино, а пред околу еден месец и Купер се раздели со својата долгогодишна вонбрачна партнерка, манекенката Ирина Шајк.