Според резултатите од обдукцијата: Флојд починал од срцев удар, а имал коронавирус

64

Афроамериканецот кој беше убиен при апсење од полицијата се покажало дека бил позитивен на новиот коронавирус. Ова го покажала обдукцијата, јавува Си-ен-ен.

Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека ПЦР-тестот бил направен за време на обдукцијата и дека тој може да покаже позитивен резултат и неколку недели по заболувањето со ковид-19. Бејкер додал дека Флојд веројатно бил асимптоматски случај и вирусот немал улога во неговата смрт.

Во знак на револт кон полициската бруталност, повеќе од една недела во САД се одржуваат протести, а почнуваат и во одредени градови и во Европа. Полицискиот службеник Дерек Шовин е обвинет за неговата смрт. Покренати се обвиненија против уште тројца полицајци во врска со смртта на Флојд. Сите четворица добија отказ набргу по инцидентот, што се случи пред десет дена и ако бидат прогласени за виновни, би можеле да поминат до четири децении во затвор.