Според обложувалниците, “Џокер“ е фаворит за Оскар

138

Филмот “Џокер“, но и главниот актер Хоакин Феникс, според светските обложувалници, но и филмските критичари, се главни фаворити за најпрестижната филмска награда Оскар.

Ова остварување во режија на Тод Филипс покрај 11-те номинации, (за најдобар филм, актер, режија…), повеќе номинации имаат и “Си било еднаш во Холивуд“, „Ирецот“, „Брачната приказна“ и „1917“, кои пак, во обложувалниците предизвикаа помал интерес.

Покрај Хоакин Феникс, фаворити се и Адам Драјвер за неговата улога во „Брачната приказна“, Леонардо ди Каприо за холивудската приказна на Тарантино и Џонатан Прајс за неговата улога во „Двајца папи“.

Меѓу жените, пак, Оскарот најмногу им се насмевнува на Серса Ронан за улогата во „Мала жена“, Шарлиз Терон за „Бомбшел“, Рене Зелвегер за нејзината улога во „Џуди“, и Скарлет Јохансон за „Брачната приказна“, пренесуваат агенциите.

Овогодишните 92. награди на Академијата ќе се одржат на 9 февруари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.