После убедливиот пораз на Реал (М) од 0:3 во средата на гостувањето кај ПСЖ, се засилија сомнежите околу иднината на тренерот Зинедин Зидан.
Некои обложувалници не губат време, туку веднаш поставија квоти за тоа кој ќе биде новиот тренер на 13-кратниот европски првак.
Главен фаворит на букмејкерите за преземање на кормилото на Реал е Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак во минатото беше тренер на Реал, а тој и сега важи за сериозен кандидат ако клубот се раздели со Зидан.
Како можен иден тренер се спомнуваат и Маурисио Покетино, Масимилијано Алегри, Раул, Унаи Емери, но после поразот на Реал од ПСЖ, дури 56 проценти од обложувачите типувале на Мурињо.