Смртта на Диего Армандо Марадона ги потресе сите, а тоа придонесе да се развие дебата за тоа кој е најдобриот фудбалер во историјата.

Според многумина токму аргентинската легенда е таа која е на врвот, но Марадона, пак, титулата за најдобар во историјата му ја доделил на еден свој сонародник, но не на Лионел Меси, туку на Алфредо Ди Стефано, легендата на Реал Мадрид.

  • Мислам дека Ди Стефано е најдобриот во историјата. Беше супериорен во споредба со другите, дури и со мене. Пеле никогаш не сакаше да ја препознае големината на Алфредо Ди Стефано. Пријателите на Пеле дури измислија трофеј само за него. Дури и јас го победив Пеле во Рио Де Женеиро, во изборот за најдобар на сите времиња, истакна своевремено Марадона.

Ди Стефано за Реал играл во периодот од 1953 до 1964 година, освоил пет титули во Купот на шампионите и два пати бил прогласен за најдобар играч во светот.

Ди Стефано почина пред шест години во Мадрид.