Спомен Костурницата во Неготино со нов изглед, привлекуваме домашни и странски туристи

300

Спомен Костурница во Неготино по 10 месеци добива нов изглед во рамките на проектот „Валоризација на културното наследство“. За ова инфраструктурно доуредување на културно –историскиот локалитет, од Министерство за локална самоуправа заедно со Бирото за рурален развој беа издвоени 3.625.411,00 денари, а од општинскиот буџет на Неготино 3.598.406,00 денари, потврди министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Урбанизирањете на овој културно-истириски локалитет кој што е од регионално значење, креира услови за привлекување на домашни и странски туристи, а воедно ќе придонесе за подобрување на животот на жителите на Неготино, преку довршувањето на веќе отпочнатите градежни работи, поставувањето на урбана опрема, поставуваањето на водоводна мрежа и електрична инсталација, како и хортикултурното уредување на просторот околу културно-историско спомен одбележје – рече Горан Милевски.

Покрај инфраструктурните придобивки од овој проект како што се монтирање на веќе урбана опрема и елементи за игралишта, поставувањето на водоводна мрежа и електрична инсталација за надворешно осветлување на локалитетот, обезбедено е и хортикултурно уредување на просторот околу локалитетот.

– Oвој проект е значаен бидејќи на овој начин се зголемува бројот на рекреативни места за граѓаните и создаваме подобрени услови за спорт и рекреација, но мислиме и на помладата популација која ќе ќе има можност да го развие спортскиот дух, а воедно и да ја подобри својата психо-физичка состојба“, истакна градоначалникот на Неготино Тони Делков.

Во рамки на проектот покрај останатите инфраструктурни придобивки изградени се нови скали, фонтана, фиксни клупи за седење, паркинг простор, трим патеки, летна сцена, пешачки патеки, а поставени се нови гранитни коцки, а монтирана е опрема и на нови игралишта.