Спировски: Фаворитската улога ќе мора да ја потврдиме на терен (видео)

21

Фудбалерот на кипарски АЕК Ларнака и на репрезентацијата на С.Македонија, Стефан Спировски пред дуелите на „жолто-црвените“ со Ерменија и Грузија изјави дека долгата пауза нема да биде пречка за да остават добар впечаток на теренот.

– Мораме да го дадеме максимумот, да одиграме квалитетно, како што треба да се игра кога се носи националниот дрес. Мислам дека сме подготвени, некои веќе почнавме со првенства, но ќе видиме. По тоа што го прикажавме во претходните Лига на нации и во квалификациите нѐ става во рангот на фаворити, меѓутоа тоа треба да го покажеме на терен, изјави Спировски.

Извор:МИА