Специјална „Егзит“ програма за време на вонредната состојба, вечерашната е посветена на Италија

63

„Егзит“ фестивалот деновиве ги интензивира своите онлајн активности, со цел на многумина да им помине полесно останувањето дома за време на вонредната состојба.

Десетици илјади луѓе од сите земји од регионов и Европа, вклучувајќи ја и најтешко погодената Италија, во изминатите неколку дена, преку интернет веќе започнаа да ја следеат специјалната програма на Егзит Фестивалот, која почнува секоја вечер симболично во 20:20 часот, соопштија организаторите на фестивалот.

Тие наведоа дека вечерашната програма и е посветена на земјата што е најпогодена од пандемијата – Италија.

Станува збор за „бек-ту-бек“ сет од 2015 година кој го сочинуваат двајца маестрални диџеи Адам Бејер и Џозеф Каприати. Покрај никогаш досега објавените фестивалски настапи, дел од оваа програма на социјалните мрежи се и водечките регионални диџеи кои настапуваат со директен пренос од своите домови, посочија организаторите.
Тие истакна дека специјалната ЕГЗИТ ТВ програма лансирана е во четвртокот со досега необјавениот, историски концерт на групата „Фејтлес“.

Во наредните денови сите фестивалски фанови ги очекуваат дури два „HomeStream“-а, на Илија Ѓоковиќ и Милош Вујовиќ, снимка од спектаклот кој Скепта го приреди лани на главната бина на ЕГЗИТ фестивал, настапот на Ричи Хотин на Денс Арената во сега веќе дамнешната 2007 година, но и бројни други. Покрај специјалната ЕГЗИТ ТВ програма, на сите на располагање им се и повеќе од 1.000 часа настапи и интервјуа со водечките светски ѕвезди, но и друга програма на официјалниот Егзит канал на „Јутјуб“, а кој до сега го погледнале над 50 милиони луѓе од целиот свет, наведоа организаторите на фестивалот.

Извор:МИА