Сперанца: Кој ќе одбие да се лекува од Ковид-19 ќе биде казнет

103

Луѓето кои одбиваат лекување откако ќе биде потврдено дека се  позитивни на коронавирусот би можеле да бидат казнети, изјави денеска италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Тој рече дека неговиот тим ја разгледува можноста да бидат казнети оние кои мора да одат на лекување, а го одбијат тоа.

Сперанца потсети дека пациентите со Ковид-19, според правилата што моментално се применуваат, кои не одат во самоизолација се соочуваат со затвор од три до 18 месеци, а дека казната е 500.000 евра, јави агенцијата Анса.

Според Анса, најавата на министерот доаѓа во време кога репродуктивниот фактор во Венето се зголеми од 0,43 на 1,63, со што се зголеми ризикот од ширење на инфекцијата од низок на визок.