Денеска и официјално завршија Олимписките игри во Токио, а најмногу медали освои делегацијата од САД. Американците на крајот си одат со 39 златни медали, 41 сребрен и 33 бронзени, додека зад нив е Кина со 38 златни медали, останатите селекции се далеку. Трета нација е домашната, јапонската со 27 златни медали.

Меѓу најдобрите десет се Велика Британија, Русија, Австралија, Холандија, Франција, Германија и Италија. Македонија е на 77. место со освоен еден сребрен медал.

Од балканските земји Хрватска освои осум медали од кои три златни, три сребрени и два бронзени, девет медали освои Србија, три златни, еден сребрен и пет бронзени, додека Бугарија и Словенија исто така освоија по три златни медали. Бугарите имаат и едно сребро и две бронзи, а Словенците по едно сребро и една бронза.

Церемонијата започна со влез на јапонското знаме на стадион и изведување на химната на домаќинот. Игрите стартуваа на 23 јули и беа одржани без присуство на публика поради пандемијата на коронавирус.