Во финалето на 55. издание од Супербол ќе се сретнат Тампа Беј и Канзас Сити.

На првиот натпревар, Том Брејди ја демонстрираше својата класа повторно против Грин Беј, и потврди дека е голем мајстор и на 43 години, додека во финалето на конференцијата на АФЦ против Билс – одличниот Патрик Махумс покажа дека е ѕвезда на новиот бран.

Беше под знак прашалник дали Махумс воопшто ќе игра поради потрес на мозокот на претходниот натпревар против Браунс, но истрча на теренот и покажа дека и тоа не може да го спречи да одигра уште една одлична партија.

Бафало добро го започна натпреварот и поведе со 9:0 во првата четвртина, но потоа Махумс полека се разбуди и до полувремето беше виден голем пресврт. На крајот, „Чифси“ победија со 38:24 и со тоа го изборија своето второ последователно учество во Суперболот.

Канзас Сити е исто така актуелен бранител на трофејот, тие го победија Сан Франциско минатата сезона, а ќе видиме дали моќниот Том Брејди, кој го брка својот седми трофеј, може да им застане на патот.

Ова ќе биде негово десетто финале, искуството е на негова страна, но Канзас Сити е подобар тим.

Одлуката за шампионот паѓа на 7 февруари во Тампа, што значи дека Баканирси ќе бидат првите финалисти домаќини во историјата на НФЛ, последниот трофеј го освоија во 2002 година, па чекаа точно 19 за ѕвезда како Брејди да се приклучи во нивните редови.

Бидејќи Суперболот е секогаш музичко-сценски спектакл, вреди да се напомене дека канадскиот пејач „Викенд“ ќе настапи на полувреме, а на трибините ќе има до 22.000 навивачи.