Спектакл во Загреб: Влатко Стефановски ќе одржи голем бесплатен концерт

79

Македонскиот виртоуз Влатко Стефановски концертот ќе го одржи пред ХНК во Загреб, во рамките на фестивалот „Св. Марко“, а влезот на концерот ќе биде слободен. Како што најавува музикологот Гордана Крпан, на концертот ќе се слушне своевидна компилација од досегашната музика на Стефановски, пишува „Јутарњи лист“.

На програмата, како што се наведува, ќе бидат традиционалните етнофолк класици „Абер дојде Донке“ и „Јовано, Јоане“, потоа авторските дела „Чукни во дрво“, „Бистра вода“, „Како какао“, па македонските традиционални напеви „Јано мори“, Огреала месечина, „Димитријо, сине Митре“, „Македонско девојче“, „Зошто си ме мајко родила“…