Во наредните денови, според метеоролозите, не очекуваат пеколни горештини. Како да се справиме со нив и да го разладиме домот?

Во последната декада воочлив е трендот на пораст на температурите во летниот период, што влијае на здравствената состојба на целото население. Навремените мерки може многу да помогнат и да го намалат бројот на заболени ипочинати како последица на големата жештина. Треба да бидеме подготвени да ги ублажиме можните негативни последици по здравјето и брзо да реагираме, советуваат стручњаците.

Жештината не се задржува само надвор, туку може да пречи и внатре во домот. Просторот во домот треба да биде разладен за да биде попријатен престојот во него. Настојувајте да го разладите просторот во кој живеете. Идеално би било собната температура да ја одржувате под 32 степени Целзиусови во текот на денот, а 24 степени ноќе.

Треба да го користите поладниот воздух во текот на ноќта за да го разладите својот дом. Ако е можно, отворете ги сите прозори и подигнете ги ролетните во текот на ноќта и во раните утрински часови, кога температурата надвор е пониска.

Стручњаците советуваат да ја намалите количината на топол воздух внатре во станот или во куќата. Преку ден затворете ги прозорите и спуштете ги ролетните, особено оние што се свртени кон сонцето. Исклучете ги сите дополнителни светла и исклучете што е можно повеќе од електричните уреди. Ставете завеси, драперии или тенди на прозорците кои се изложени на утринско и попладневно сонце.

Ако имате клима-уред, затворете ги вратите и прозорите за да не трошите повеќе енергија од тоа што е неопходно. Подесете температурата да не биде повеќе од седум степени пониска од надворешната температура.

Разладување и освежување може да пружат и електричните вентилатори.

Но, ако температурата на воздухот е над 35 степени, тогаш постои опасност да се појават здравствени проблеми поврзани со високите температури.

Лекарите напоменуваат дека во текот на летото посебно е важно да се пие поголема количина течности за да не дојде до дехидратација на организмот и поголем вискозитет на крвта, што може да предизвика тромбоза, мозочен удар или инфарк.