Спасувачите пронајдоа преживеано лице во рудникот во Сибир

52

Спасувачите пронајдоа еден преживеан во сибирскиот рудник за јаглен. Тие не го открија неговиот идентитет, како и местото каде е пронајден.

Бројот на загинати во вчерашната рударска несреќа  денеска се зголеми на 52.
Дел од руските медиуми објавија дека помеѓу загинатите 46 се рудари, а шестмина биле спасувачи.

Во рудникот Листвиајнаја во градот Грамотејно, во сибирскиот регион Кемерово, каде што се наоѓаат бројни рудници за јаглен, вчера утрово бил пријавен пожар. Во моментот на несреќата во рудникот имало 285 лица.

Рудникот е во сопственост на компанијата СДС-Угол, една од најголемите руски производители на јаглен.