Спасовски: Продолжува континуираното опремување на полицијата

29
Деновиве, во магацинот на МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон. Наскоро се очекува испораката 10.000 пара чевли со дебел ѓон, 10.000 пара полувисоки чевли, 2.330 флуоросцентни елеци, 8.000 маици, 8.000 виндјакни, 20.000 кошули, објави на фејсбук  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Спасовски потсетува и на новите униформи кои пред неколку месеци ги добија од Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а, како што пишува, во изминатиот период биле обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата.
– Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, напиша министерот Спасовски на својот ФБ профил.