Спасовски: Можна цел на хибридните напади е предизвикување страв, паника, уривање на институции

108

Дојавите за бомби се дел од хибридни напади што не се случуваат само кај нас, туку и во регионот и пошироко, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вели дека обидите за тероризам и хибридно војување одат дотаму да предизвикаат страв, несигурност, паника, уривање на институции, подривање на државата, политичката власт, но и да ги троши институциите.

Сѐ тоа е нешто што се бара како можна цел зад овие, како што рече хибридни напади. Спасовски, во интервју за ТВ Клан, исто така, посочува дека зад овие напади стои и желба за внимание во јавноста.

– Ќе потсетам на неколку аспекти од овој дел, како на пример мигрантската криза. Токму поради геостратешката положба тука се вкрстуваат патиштата и луѓето поминуваат по таканаречената западно-балканска рута и тоа претставуваше своевиден безбедносен проблем. Зошто е тоа така, бидејќи тука се испреплетуваа геостратешките интереси, значи дека многу фактори имаат навистина сериозен проблем со напредокот на државата со пристапот во НАТО, членството во ЕУ. Сето тоа спаѓа во можни причини зошто ова се прави на државата, заклучи Спасовски.