Спалети лобира за Сисоко

70

Доколку остане во тренерското столче, актуелниот предводник на италијанскиот калчо гигант Интер, Лучијано Спалети, ќе побара во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Муса Сисоко.

Спалети не крие дека има потреба од поквалитетни играчи во средниот ред, а деталната анализа покажала дека Сисоко е една од неколку опции.

Според италијанските медиуми, официјалната понуда за Французинот нема да биде помала од 25 мил. фунти.