Спалети лобира за Палмиери

47

Новиот предводник на италијанскиот калчолигаш Наполи, Лучијано Спалети, испрати јасна порака до клупските челници дека сака на располагање да ги има и услугите на италијанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Емерсон Палмиери. Офанзивниот бек сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 20 мил. фунти.