Укринскиот скокач во вода Олексеј Середа стана најмладиот европски шампион во историјата на овој спорт, откако се закити со златниот медал со скок од платформа од десет метри.

Середа со овој успех го урна рекордот на Британецот Том Дејли, кој до совјата прва титула во 2008 година дојде со 13 години и десет месеци. Во моментите кога го осови златото во Киев, Середа имаше 13 години и седум месеци.

-Бев помалку нервозен, но среќен сум што успеав да победам, нагласи Середа

Евроското злато за Середа дојде како круна последнава недела, откако на Светското првенство минатиот месец беше четвртопласиран.