Со храна запрете го опаѓањето на косата

895

Јадете храна богата со витамини А, Б-комплекс, Ц, Д и Е – кои се одлични против опаѓање на косата

Ако забележите зголемено опаѓање на косата, запрашајте се дали внесувате доволно витамини. Губењето на косата како резултат на недостаток на витамини е чест проблем. Со правилен режим на исхрана, овој проблем може успешно да се реши. Есенцијални витамини, кои играат голема улога кога станува збор за опаѓање на косата се А, Б-комплекс, Ц,  Д и Е. Доколку во вашата редовна исхрана ги вклучите следните хранливи материи, опаѓањето на косата како резултат на недостаток на витамини ќе престане.

Витамин А: На сите клетки во телото им е потребен витамин А. Тука е вклучена и  косата – ткиво кое расте најбрзо во човечкото тело. Витаминот А исто така им помага на жлездите на скалпот да создадат масна материја – себум. Себумот го навлажнува скалпот и помага во одржување на здрава коса. Исхрана која не вклучува доволно витамин А многу лесно може да доведе до опаѓање на косата. Иако е важно да се земат доволни дози на витамин А, од друга страна, преголем внес од витаминот во организмот може да доведе и до опаѓање на косата. Природни извори на витамин А во храната: сладок компир, моркови, тиквички, спанаќ, кељ, диња, праска, јајца, млеко и млечни производи, житарки, туна, лосос и скуша.

Б-комплекс: Комплексот на витамин Б е генерално исклучително важен за здравјето на косата, но Б7 е витамин попознат како биотин, најпопуларната хранлива состојка во оваа група што се користи во борбата против опаѓањето на косата. Недостаток на биотин честопати се поврзува со опаѓање на косата. Меѓутоа, ако опаѓањето на косата како резултат на недостаток на витамин не е предизвикано од недостаток на биотин во организмот, третманот на косата со овој витамин не ги носи посакуваните резултати. Сепак, недостаток на овој витамин (како и други витамини од групата Б) е многу ретка појава, бидејќи природните извори на целиот комплекс Б се наоѓаат во многу намирници. Намирници богата си витамин Б-комплекс: бадеми, месо, риба, морска плодови, темна, лисната зелка, млеко, јајца, банани, ореви, мешунки, соја, компир и моркови.

Витамин Ц: Оштетувањето предизвикано од слободните радикали може да го блокира растот и да доведе до стареење на косата. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, кој помага да се заштити косата од оксидативен стрес, предизвикан од дејството на слободните радикали. Витаминот Ц, исто така, му помага на телото да апсорбира железо – минерал што е исклучително важен за здрав раст на косата хранлива материја и нивниот редовен внес може да го надомести недостатокот. Природни извори на витамин Ц во храната: зелена пиперка, диња, јагоди, прокељ, грејпфрут, портокали, киви, црвена пиперка, гуава, брокула, магдонос, ананас, лимон, грашок, домат и банана.

Витамин Д: Ниските нивоа на витамин Д во организмот е директно поврзано со алопеција. Тој може да помогне во создавање нови фоликули – ситни пори на скалпот, каде што расте нова коса. Сепак, повеќето луѓе не добиваат доволно витамин Д, затоа зголемениот внес на овој витамин преку храна е секако добра идеја кога станува збор за опаѓање на косата поради недостаток на витаминот.

Добри прехранбени извори на витамин Д вклучуваат: мрсна риба (сардини, скуша, лосос, пастрмка), масло од црн дроб на бакалар, млеко од соја, говедски црн дроб, школки, јајца, печурки, кавијар и полномасни млечни производи.

Витамин Е: Слично на витаминот Ц и витаминот Е е одличен антиоксиданс што може да спречи оксидативен стрес. Ова значи дека делува како штит од слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата и косата. Здравиот скалп е основа на здрава коса. Здравјето на скалпот се определува од низа фактори како што се: нивото на pH, производството на природно масло, циркулацијата на крвта во скалпот и здравјето на фоликулите. Витаминот Е помага да се балансираат овие процеси, осигурувајќи косата да расте здраво. Доволно внесување на храна богата со витамин Е е најлесниот и најбезбедниот начин да му се обезбеди на организмот доволна количина на оваа важна хранлива материја. Храна богата со витамин Е: спанаќ, брокула, кикиритки, семки од сончоглед, лешници, бадеми, растителни масла (масло од пченица, маслиново масло и масло од пченка), авокадо, јајца, млечни производи, путер. и лиснат зелен зеленчук. Подготви: М.А.