Најбогатиот фудбалски клуб на денешницата, англискиот премиерлигаш Њукасл, се вклучи во трката по потписот на португалскиот интернационалец од редовите на Челзи, Жоао Феликс. Крилниот напаѓач е во сопственост на шпанскиот гигант Атлетико (М), но вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен играч на „Стемфорд Бриџ“. Клубот кој сака да ги осигура неговите услуги мора да испрати понуда не помала од 120 мил. евра.